Вкупно пет јавни институции во општината добија фотоволтаични инсталации на кровните конструкции и тоа:
ОЈУ детска градинка “Детелинка”- објект „Пролетна роса“, ООУ “Јоаким Крчовски”- зграда “Партизан”, Локална установа Градски музеј Крива Паланка, административниот објект на локалната самоуправа на Општина Крива Паланка и ученичкиот дом “Боро Менков”.
Поставувањето на фотоволтаичните панели за енергетска ефикасност и користење обновливи извори на енергија, се реализираше преку проектот „Зелена енергија за јавни институции“, кој Општина Крива Паланка го спровдува во соработка со Центарот за меѓународна соработка и развој од Љубљана Р. Словенија.
Вкупната вредност на целата инвестиција е во висина од 103. 000 евра од кои 50% се средства од Буџетот на Општина Крива Паланка, а другите 50% се обезбедени од Центарот за меѓународна соработка и развој од Љубљана Р.Словенија.
Оваа инвестиција ќе помогне овие локални институции да бидат посамостојни во снабдувањето со електрична енергија, значително ќе допринесе во намалување на потрошувачката и трошочите на електрична енергија, а заштедите ќе може да се вложат во подобрување на условите за развој на секоја институција поединечно.
Станува збор за многу значаен проект и инвестиција, која треба да овозможи подобри услови во петте јавни институции, но истовремено да ги направи и самоодржливи.