Промовирани драмите напишани на кривоаланечки дијалект од авторот Страхил Алексиќ

Во НУ Центар за култура денес беа промовирани  првите кривопаланечки драми в од Страхил Алексиќ  “Ожењи се Санде калајџија“ и  “Најевтината свадба“.

Овие две пишани  книги ќе овековечат  дел од богатото културно наследство  на градот Крива Паланка како трајно сведоштво за едно не така далечно време  и живот, за обичаите  на кривопаланчани.

Драмите се  напишани на стар паланечки дијалект и сведочат за едно време кога се живеело на малку поинаков начин, што го зголемува нивното значење.

Истовремено,  овие книги се  единствените досега издадени драмски текстови, негувани како литературен вид од  нашиот почитуван  автор и сограѓанин Страхил Алексиќ.

Драмата “Ожењи се Санде Калајџија“ досега има неколку сценски поставки и изведби,   а  следен предизвик е сценски да се обработи и прикаже и  “Најефтината свадба“.

Драмите ја дочекаа виделината на денот благодарение на  манифестацијата „Крива Паланка – Град на културата 2024“ и заедничките ангажмани на Општина Крива Паланка, НУ Центар за култура Крива Паланка, ЛУ Градски музеј Крива Палака и активни групи и поединци од градот.

Промотор на делата на Алексиќ, а воедно и  рецензент, беше Емилија Колевска.

Голема чест и задоволство ми е што бев дел од кривопаланечката црта  за овие две кривоаланечки драми. Нивната публикација е од големо значење за целиот град бидејќи опфаќаат настани од нашиот кривопаланечки крај, а напишани се на едноставен и забавен начин“, рече Колевска која порача граѓаните  да ги прочитаат овие дела.

Во својот емотивен ковор авторот Алексиќ им се заблагодари на сите кои го помогнале издавањето на неговите драми, како и на бројната кривоаланечка публика присутнана промоцијата.

„Ова е спомен за идните генерации и поттик да го негуваат кривопаланечкиот дијалект, да го негуваат да не се изгуби, но и да создаваат дела на својот дијалект“, подвлече Алесиќ.

Двете драми  се првите од едицијата на издавачот НУ Центар за култура Крива Паланка,   која понатаму ќе се надополнува со книги кои го обработуваат животот и обичаите на кривопаланчани.

Големина на фонт
Контраст