Оддржана дводневна работилница „Читај и илустрирај” во НУ Центар за култура Крива Паланка

„Читај и илустрирај” е насловот на работилницата што се одржа во НУ Центар за култура Крива Паланка, со која низ кретивен начин се поттикна создавање љубов кон книгата и мотивација за читање кај младите.

Низ несекојдневен и интерактивен модел шеснаесет ученици од 9 до 15-годишна возраст, два дена работеа под менторство на професорката по македонски јазик и литература, Габриела Стојановска и професорот по ликовна уметност, Лазо Ѓоргиевски, креирајќи пораки и интересни креации и илустрации, што ќе бидат поставени на изложба во Центарот за култура.

Работилницата е проект од годишната програма на НУЦК, поддржана од Министерство за култура на Република Северна Македонија, дел од манифестацијата “Крива Паланка -Град на културата”.

Големина на фонт
Контраст