Започна фудбалската магија во нашиот град со “Третиот општински турнир во мал фудбал Крива Паланка” кој веќе прерасна во традиција.
Целта на овој спортски настан е да се промовира здравиот начин на живот на младите преку спорот и да се одржи континуитетот што го има нашиот град во мал фудбал, кој доживува подем и воедно промовира и развива нови таленти.
Десет квалитетни тимови од Скопје, Кратово и Крива Паланка, во наредните денови ќе донесат нови спортски перформанси на турнирот, кое се оддржува под покровителство на Општина Крива Паланка.
Општината секогаш ги поддржува и вреднува и луѓето – поединците, кои дале резултати и оставиле траен влог во спортската историја на градот и во тој контекст, градоначалникот Сашко Митовски додели плакета на тренерот Бранко Павловски -Пикси за досегашнато тридецениско спортско искуство, посветеноста, за постигнатите резултати и за развој на фудбалот во Крива Паланка.
Крива Паланка во следните денови ќе живее во знакот на најважната споредна работа на светот – фудбалот, а трибините очекуваме и овојпат да бидат исполнети до последно место.