Светлиот дух на Велигден прославен со Велигденска традиција на Градскиот плоштад

Во духот на Велигденските празници, на Градскиот плоштад во Крива Паланка, во недела се одржа Велигденската традиција 2024,  исполнета со одлична атмосфера, позитивна енергија и празнична свеченост помеѓу присутните кривопаланчани.

Верни на традицијата и обединети во верата и обичаите, граѓаните разменија Велигденски честитки, изразувајќи желби за добро здравје, среќа и благосостојба, а од името на Општина Крива Паланка и градоначалникот Сашко Митовски беа поделени велигденски јајца на сите присутни.

На Велигденската градска прослава традиционално се одржаа и Велигденските забавни игри  на кои учествуваа  најмладите, а најуспешните добија благодарници и тоа:

  • Божил Митовски и Константин Митовски-за играта „Носење балон“.
  • Леон Станковски- за играта „Носење јајце во лажица“ и
  • Константин Митовски- за најцврсто велигденско јајце

Традицијата и свечената атмосфера на Велигден ја збогатија бројните изработки на Велигденскиот базар, а благодарници добија:

За Велигденски декорации:
Насмеано сонце- прво место
Светлина – второ место
Ѕвончиња- трето место

За најубаво велигденско јајце:
Велигденски зајачиња- прво место (Теодора Станковска)
Велигденско цвеќе – второ место (Нина Михајловска)
Велигденско пиле – трето место (Јована Станојковска)

Прославата беше збогатена со велигденски концерт на Дејви и бенд.

Организатор на Велигденската традиција е ЛУ Градски музеј, под покровителство на Општина Крива Паланка, а годинава се организира во рамките на манифестацијата „Крива Паланка-Град на културата 2024“.

Големина на фонт
Контраст