Општина Крива Паланка продолжува со имплемнтација на нови проекти за подобрување на квалитетот на живот на жителите од сите делови на општината.
Во таа насока, градоначалникот Сашко Митовски го потпиша договорот за кофинасирање на два нови проекти за изградба на Куков Дол и изградба на нова канализациона мрежа во н.м. Трнци во с. Конопница.
Финасиските средства за кофинасирање се обезбедени од Програмата за управување со водите за 2024 година од Мистерството за животна средина и просторно планирање и се во висина од вкупно 8.000.000 денари за двата проекти.
Градиме, вложуваме и креираме програми и мерки што придонесуваат за унапредување на условите и квалитетот на живот на секое населено место во општината.