Најава за еколошка акција „Генералка викенд“ во Крива Паланка

На ден 17 мај (петок) по четврти пат во Општина Крива Паланка ќе се реализира големата Еколошка акција насловена како ,,Генералка Викенд“.

Оваа масовна еколошка акција на генерално чистење на природната средина, во оваа 2024 година , ќе се реализира во над педесеттина општини во нашата држава и истата е широко прифатена во јавноста и подржана од голем број на субјекти бидејки има благородна еколошка мисија.

По тој повод се повикуваат граѓаните, граѓанските здруженија, училиштата, институциите, претпријатијата и компаниите, спортските клубови,  заедници на станари, месни заедници и други субјекти од нашата општина да покажат добра воља и висока еколошка свест и да се вклучат сите кои се во можност во оваа благородна акција за чиста, уредна и зелена општина.

Акцијата почнува во петок 17 мај со почеток во 09 часот.
Информации и пријавувања на контакт тел: 070 306 080

Да излеземе сите заедно, со иста цел – сите да покажеме со личен пример и опшествена одговорност, колку ни е важна природната средината и околината во која живееме и работиме, да покажеме дека отпадот треба да се остава на определени места предвидени за негово одлагање, да покажеме дека дека отпадот треба да се селектира и рециклира.

Оставете ги за малку мобилните телефони, телевизиските серии, социјални мрежи и излезете малку во дворот, во неговата околина и направете нешто за себе .

ВКЛУЧЕТЕ СЕ и ВИЕ!

Дополнително ќе ве известиме за конкретниот план и  локациите за чистење и одлагање на смет.

 

Големина на фонт
Контраст