Во пресрет на матурската прослава Општина Крива Паланка додели по 3000 денари на секој матурант

Денес сите матуранти од СОУ „Ѓорче Петров“  на своите трансакциски сметки ги добија финасиските средства  од општина Крива Паланка, како мерка за подддршка на младите, која беше воведена минатата година по предлог на градоначалникот Сашко Митовски.

Ова втора генерација на матуранти, кои во пресрет на матурската прослава добиваат по 3000 денари еднократна парична помош од буџетот на Општината.

Општина Крива Паланка сериозно е посветена на поддршката на младите и во изминатите две години воведе низа стимулативни мерки за млади, меѓу кои: субвенции за набавка на дигитални уреди, субвенции за набавка на велосипед, еднократна парична помош за секое новороденче, субвенција за набавка на количка за новороденче, еднократна парична помош за матуранти и други мерки.

Младите се во фокусот на работата на општината, зошто тие се иднината и градителите на локалната заедница, државата и светот.

Среќна матура, вашите успеси се наша заедничка радост!

Големина на фонт
Контраст