Општина Крива Паланка, продолжува со имплементација на активности, кои значат поттик за афирмирање на младинското учество во општината и во таа насока, денес во Еurope House во Општина Крива Паланка се оддржа младински форум, на кој преку интерактивна работилница со младите од градот се детектираа младинските проблеми и идеи кои ќе се реализираат преку проектот „ReLOaD 2“.
Општина Крива Паланка, во изминатите две години, веќе воспостави активна соработка со УНДП и преку проектите на граѓанските организации кои се реализираат во рамките на Регионална програма за локална демократија во Западен Балкан 2 (ReLOaD2), а младинската иницијативност отвора нови перспективи во стратешкото делување и создавање подобри услови за живот на младите во локалната заедница.