Градоначалникот Сашко Митoвски денес направи увид во воведните градежни работи од проектот за реконструкција и рехабилитација на локалниот пат во с. Мождивњак м.в. Дубје, кој е со вкупна должина 3 километри и не е реконструиран со децении.
Средствата за реализација на овој проект се во висина од 11 милиони денари и беа обезбедени со поддршка на Владата на РС Македонија преку Бирото за регионален развој и Центарот за развој на Североисточен плански регион.
Проектот предвидува реконструкција и рехабилитација на оваа главна сообраќајна врска на стотици жители од Мождивњак, што со децении е запоставена и оставена на забот на времето а сега, по брзата реализација на проектот, жителите ќе ги почувствуваат бенефитите од реконструкцијата на оваа делница.
Локалната власт јасно покажува дека се грижи за сите наши граѓани, дека континуирано се инвестира и во урбаните и руралните средини, затоа што секој еден жител заслужува подобро и повеќе, а конкретно за реонот во с. Мождивњак, вложени се над 20 милиони денари во последните две години.