ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВО ПОСЕТА НА КРИВА ПАЛАНКА

Претседателот на РМ, д-р Ѓорѓе Иванов, денеска (на 24 ноември), ја посети општина Крива Паланка, при што се сретна со градоначалникот Арсенчо Алексовски и претставници на локалната самоуправа , а посети и повеќе јавни и други објекти и знаменитости.

 

 

Градоначалникот му врачи  на Претседателот „Плакета на градот“ како највисоко признание на Општина Крива Паланка.

 По посетата на локалната самоуправа, претседателот Иванов со својата делегација ги посети студентите од дисперзираните студии по информатика, каде се запозна со начинот на изведувањето на наставата и работата на оваа прва студентсика група во нашиот град. Престојот во општината продолжи со посета на чевларскиот погон „Анна шуз“, а потоа Иванов го посети и манастирот „Свети Јоаким Осоговски“.

 Неговите впечатоци од најновиот престој во нашата општина се дека таа бележи позитивен тренд во својот развој, кој би требало уште повеќе да се интенизира по визната либерализација како пограничен регион.
 -Овој позитивен тренд овозможува напредок на општината, поголеми стопански ефекти и подобар стандард на граѓаните, кој со нддминување на кризата се очекува уште повеќе да се подобри, истакна Иванов.

Големина на фонт
Контраст