Ексклузивен настап на Драган Мијалковски на годинешната Свечена академија по повод 24 Мај

Годинешната “Свечена академија” по повод денот на Свети Јоаким Крчовски и 24 Мај- Денот на Сесловенските просветители, браќата Кирил и Методиј, ќе биде збогатена со настапот на музичка легенда, Драган Мијалковски.  Кривопаланечката публика на оваа свеченост ќе има несекојдневна можност да ужива во најпопуларните песни и евергрини на бардот на македонската музика, Драган Мијалковски.

Свечената академија ќе се одржи на 23 мај 2024 година, четврток, во НУ Центар за култура Крива Паланка, со почеток во 19 часот.

На Академијата ќе бидат прогласени најдобрите просветни работници од одделенска и предметна настава во општината за изминатата година и ќе се доделат признанија за најдобрите ученици од општинските образовни институции, а присутните ќе имаат ексклузивна можност во живо да ги проследат незаборавните хитови на Мијалковски: “Кажи ми”, “223-3О5”, “Кажи нешто драга”, “Гитаро моја” и бројни други незаборавни евергрини, за една незаборавна вечер за сите генерации.

Свечената академија се одржува секоја година традиционално, а годинава е дел од манифестацијата “Крива Паланка – Град на културата”.

Големина на фонт
Контраст