Дефиле на кривопалнечките матуранти

Матурското дефиле, денес ја  разубави главната улица и плоштадот во Крива Паланка каде и оваа година, матурантите од СОУ „Ѓорче Петров“ пред своите сограѓани, родителите и пријателите ја покажаа својата радост и младешка енергија, ведрина и убавина, на  дефилето кое втора година по ред се организира во  општината.

Градоначалникот, Сашко Митовски, кој беше и  иницијатор за ваквиот начин на одбележување на крајот на средношколските денови, ги поздрави матурантите, честитајќи им го заокружувањето на едно од најубавите поглавја во животот.

Во своето дитректно обраќање тој им порача секогаш да си поставуваат високи цели, а за да ги остварат, да работат вредно, чесно, со верба и силна мотивација, зошто тоа е  единствениот клуч на  успехот.

„Посакувам да бидете прваци во животот, да бидете секогаш победници во натпреварот во кој ќе се натпреварувате со самите себе! И знам, во иднина некои од вас ќе бидат лекари, инжењери, други економисти или правници, трети програмери, пекари….но, најважно од се, никогаш не заборавајте да останете добри луѓе.

Тоа е мојата порака со која ви ја честитам матурата.

Бидете ми живи и здрави и среќни! Ова е ваш ден!

Среќна и честита матура и големи успеси во иднина!

Општина Крива Паланка, во пресерет на матурската прослава на матурантите  им додели по 3000 денари, како еднократтна стимулативна мерка која беше воведена минатат година по предлог на градоначалникот Митовски.

За следната година е планирано и зголемување на оваа сума , а градоначалникот Митовски најави и воведување на уште една финасиска поддршка во текот на целата учебна година за сите  идни средношколци што ќе учат во СОУ „Ѓорче Петров’.

Големина на фонт
Контраст