Крива Паланка и Менемен, Турција отпочнаа постапка за збратимување 

Општина Крива Паланка наскоро ќе биде побогата за уште една збратимена општина, а тоа е Менемен, Турција.

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, заедно со делегација од општината и со Фатон Хасани, национален координатор за дијаспората на Република Северна Македонија и градоначалникот на Општина Чашка, Горан Стојановски, се во официјална посета на неколку турски градови, меѓу кои и на Менемен, на покана на градоначалникот Ајдин Пехливан.

-Токму Општина Крива Паланка ќе биде првата збратимена општина на Менемен, а постапката за збратимување е веќе отпочната и наскоро ќе се официјализира при нивната посета на нашиот град. Инаку, она што ми е посебно драго е што во Менемен бевме пречекани со македонска музика, а покрај во општината, присуствувавме и на низа свечености во градот кој станува член на нашето големо семејство збратимени и пријателски градови, информира градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски.

Во рамки на неколкудневната посета на Турција, покрај во Менемен, Митовски, заедно Асани и Стојановски, остварија официјална посета на неколку турски градови, кадешто наидоа на одличен пречек.

Делегацијата гостуваше кај градоначалниците на: град Измир, Џемил Тугеј, на Општина Чили, збратимена општина на Чашка, Онур Емрах Јилдиз и на Општина Тургутлу, Четин Акин.

-Новите пријателства отвораат нови можности и перспективи за соработка во иднина.Меѓународната соработка отвора врати за нови проекти и трајни вредности меѓу нашите два пријателски народи, додава Митовски.

Големина на фонт
Контраст