СВЕЧЕНА АКАДЕМИЈА ПО ПОВОД ДЕНОТ НА СЕСЛОВЕНСКИТЕ ПРОСВЕТИТЕЛИ, ДРАГАН МИЈАЛКОВСКИ СПЕЦИЈАЛЕН ГОСТИН

Свечена академија по повод патроните денови на  „Свети Јоаким Крчовски“ и  сесловенските просветители „Свеи Кирил и Методиј“ ќе се одржи на  На 23 мај 2024 година, со почеток во 19 часот,  во НУ Центар за култура Крива Паланка.

На свечената академија од име на Општина Крива Паланка, градоначалникот Сашко Митовски ќе им врачи благодарници и признанија на најдобрите ученици и просветни работници за 2023/24 година.

Во рамките на свеченоста,  специјален гостин ќе биде македонската музичка легенда Драган Мијалковски, а кривопаланечката публика ќе имаат ретка можност после долги години во живо да го проследи неговиот настап. Посетителите ќе се  потсетат на познатите евергрини како „Кажи нешто драга“, На 223-305“, „Гитаро моја“и многу други, но и на песните од неговата понова продукција.

Настапот на Драган Мијалковски ќе го збогати овој свечен настан, а влезот за сите заинтересирани е слободен.

Свечената академија е традиционална манифестација во организација на Општина Крива Паланка, а годинава се одржува во рамките на манифестацијата „Крива Паланка-Град на културата“.

Големина на фонт
Контраст