Во Крива Паланка одбележан Денот на Европа со концерт на “Фолтин” во организација на Европската куќа 

Со концерт на “Фолтин” организација на Eвропската куќа Крива Паланка, настан – дел од манифестацијата “Крива Паланка -Град на културата 2024”, во нашата општина беше  прославен Денот на Европа.

Концертот како централен настан ја заокружи програмата за одбележување на годинашниот 9 Мај, по настаните спроведени во три општини североисточниот регион: Кратово, Куманово и Крива Паланка.

– Годинава на поинаков начин со дисперзирани настани во три општини од регионот што го покрива нашата Европска куќа, со присуство на голем број млади од сите општини, со различни настани од различен вид уметност кои ги собраа младите луѓе на едно место, на најубав можен начин го прославивме Денот на Европа. Покрај прекрасниот амбиент во просториите на Европската куќа, беше откриен и мурал од пиксели на стаклената фасада на ова наше катче за идните генерации, кадешто покрај млади, присуствуваа и бројни други наши соработници, информираат од Европската куќа Крива Паланка.

Одбележувањето на Денот на Европа се реализираше и во Куманово, во Соколански парк со мултилингвално поетско матине посветено на преработки и авторските песни на “Номад бенд”, а стихови читаа младите поети од книжевен клуб “Куманово”, а во Кратово со дизајнерите Маја од “Percalus Design” и Бојан од “Bojan Design”, младите луѓе од регионот зборуваа за иднината во креативно-дигиталните професии, светот на графичкиот дизајн и за погледот на светот низ очите на креативноста.

Големина на фонт
Контраст