emiHidden=”false” UnhideWhenUsed=”false” QFormat=”true” Name=”Strong” /> Продолжува изградбата на армирано –бетонски мост на Куков Дол со димензии на бетонската плоча 8 Х 8,5 м и дебелина од 50 см. Изградбата на мостот, кој ја поврзува населбата Лозаново со централното градско подрачје, е дел од проектот за подобрување на општинските услуги финансиран со кредит од Светска банка, а преку министерство за финансии на Република Македонија.
Со проектот „Подобрување на општинските услуги“ покрај мостот на Куков Дол се опфатени уште девет улици меѓу кои и улицата Биљинска во населбата Лозаново, која ќе биде асфалтирана по завршувањето на изградбата на мостот.