Општина Крива Паланка продолжи со асфалтирање на веќе претходно припремени коловозни површини на улиците „Гоце Делчев“ и „Наско Тамбурков“. Вупно беа вградени нови 500 м2 асфалт. Градежните активности продолжуваат и во тековната недела на улицата „Јоаким Крчовски“. Изведувач на градежните работи е фирмата „Лабино-Трејд“ од Гостивар.