Љубителите на пишаниот збор,на лирска поезија, утревечер ќе можат да уживаат во промоцијата на најновата поетска книга на Елеонора Николовска, родена кривопаланчанка, чиишто стихови ја пленат не само македонската, туку и Балканската книжевна сцена.
Промоцијата на книгата ќе се одржи утре, ,28 мај 2024, со почеток во 19 часот, во фоајето на Националната установа Центар за култура Крива Паланка, како дел од манифестацијата “Крива Паланка – Град на културата”.
Станува збор за збирка од 47 песни вдахновен со посебно изразена живост, преку кои Николовска порачува: -” Никој нема совршен живот, но сите имаме совршени моменти…”.
За совршените моменти истакаени од конецот на лирската душа на поетесата за консументи со најистенчен вкус, според рецензентката Силвана Крстовска, ќе говори промоторката Ирена Белешковска.
Стихови од. “Моето алтерего” ќе чита поетесата Емилија Колевска, а куриозитет за публиката ќе биде настапот на младата, талентирана Нина Николовска, државен првак во соло пеење.
Илустрациите во “Моето алтерего” ги креираше Ана Срока, која колажира прекрасни цветни мотиви што ги разигруваат страниците полни емоции.
Елеонора Николовска е родена во Крива Паланка. Дипломира на Филолошкиот факултет,а подоцна магистрира менаџмент на човечки ресурси.
Авторка е на збирката поезија “Чекајќи го животот да се случи”, (2021) и збирката раскази “Расказите раскажуваат”(2023).
Нејзините поетски творби, раскази, сатирични песни, афоризми, и други творби се објавени во над 70 различни збирки, зборници, списанија, антологии.