Нов асфалт за жителите на село Мождивњак 

Со најновата инвестиција од 11 милиони денари во кривопаланечкото село Мождивњак, по речиси половина век е целосно реконструиран и рехабилитиран локалниот пат во должина од три километри, со што е овозможена подобра и посигурна патна поврзаност за жителите.

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, се сретна со жителите на селото и изврши увид во финишот на проектот, кадешто мештаните изразија благодарност за извршената рехабилирација патот на најефективниот дел, од клучката со магистралата А2 до м.в. Дубје.

-Жителите на Мождивњак од денес ќе чекорат по нов асфалтен пат. Денес го означуваме финишот на еден од многу значајните проекти што токму тука, во Мождивњак, е направен во периодот на мојот мандат. Инвестицијата е вредна 11 милиони денари, обезбедени од Министерство за локална самоуправа, со Програмата за развој на планските региони, преку Североисточен плански регион. Она што е посебно важно е дека сме силно посветена локална власт на подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани. Со обновата на патот ставаме крај на проблемот на жителите на Мождивњак при транспорт и секојдневна сообраќајна комуникација со градот, рече Митовски.

Рече, во Мождивњак се испишува историја во областа на инфраструктурни вложувања.

-Само во мојот мандат, за две години, вложени се над 20 милиони денари: за патно поврување, реконструкција на спротскиот терен преку АМС и со изградбата на фекална канализација, рече Митовски.

Најави дека во претстојниот период се планира проект за изградба на водоводен систем во селото, што ќе значи решавање на проблемот со питка вода за сите жители.

 

Големина на фонт
Контраст