Преполното фоаје на Националната установа Центар за култура Крива Паланка придонесе за извонредна атмосфера на одржаната промоција на стихозбирката “Моето алтер его” од Елеонора Николовска, родена паланчанка. Стиховите што ги читаа поетесите Емилија Колевска и Ирена Белешковска, надополнети со интерпретацијат ана младата солистка Нина Николовска ги преплавија со емоции присутните.
Публиката уживаше во стиховите – израз на “совршени моменти” опеани во 47 песни, објавени на 80-тина страници, разиграни со слики разнобојни цвеќа од авторката и фотограф, Ана Срока од Полска.
-Поетовото алтер его “ѕирка” низ клучалката на животот отклучувајќи суштински работи, расонувајќи нѐ од зачмаеност преку изразот создаден на јазикот наш насушен, македонски, постојано р’тејќи од никулци просеани низ целиот свет. Елеонора Николовска е еден од авторите на македонската книжевна сцена, која што имаме чест да биде родена кривопаланчанка, да биде дел од програмата поддржана од Министерството за култура и на мое огромно задоволство, јас како филолог и книжевник да бидам промотор на нејзината импозантна книга „Моето алтер его“. Зошто импозантна? Бидејќи таа го користи нашиот македонски насушен јазик, како што вели во песните, како никуец чие што семе р`ти низ светот, рече промоторката Ирена Белешковска/
Со поезија и песна манифестацијата “Крива Паланка -Град на културата” одбелена уште една културна книжевна вечер.
Авторката Николовска рече дека настанот во родниот град и го растереперил срцето, а во исто време докажал зошто Крива Паланка ја носи престижната титула „Град на културата“
-Kога ќе се најдете во сопствената средина, луѓето што ве знаат каде луѓето ве знаат од малечка , има малку возбуда, една возбудлива растрепреност. Посебно ми беше драго што ја претставив мојата стихозбирка пред моите сограѓани и јас уживав за цело време додека траеше промоцијата. Навистина ми беше многу пријатно, преполно беше, а сепак имаше некоја интимна атмосфера. Се чувствував благопријатно, а сите учесници навистина се имаа потрудено многу, изведбата беше донесена до извонредност, барем јас така ја доживеав, рече Николовска.
Промоцијата на „Моето алтер его“ во Крива Паланка следуваше по интернационалната промоција во Хрватска и учеството на Николовска на 13 Меѓународен поетски фестивал „Морето на дланка“ што се одржа на 24-25 мај во Пула и Ровињ, Хрватска.
Настанот го збогати настапот на младата-талентирана музичарка од градот, Нина Николовска, државен првак во соло пеење во конкуренција на основни училишта, која настапи со одличната интерпретација на „Кога те нема“ од Хелена Благне, под менторство на професорката Лариса Жулина-Митовски.