Започна реконструкцијата на улицата „Гоце Делчев“

Градежните активности за реконструкција и рехабилитација на околу 800 метри од улицата „Гоце Делчев“ во кривопаланечката населба „Житен склад“ ззапочнаа, а проектот што ќе се реализира во два дела е со вкупна вредност од 7.5 милиони денари.

-Покрај активности за асфалтирање и реконструкција на повеќе локации  во градот, овде, во населбата „Житен склад“ започнуваме нов проект, вреден 7.500.000 денари што ќе донесе подобри услови за жителите од улицата „Гоце Делчев“. Ќе се изврши реконструкција и асфалтирање на 800 метри од улицата, со средства од Министерство за транспорт и врски и финансии од Буџетот на Општина Крива Паланка. За првиот дел од улицата, 473 метри,  вложуваме 4.800.000 денари, од кои: 1.5 милиони преку Програма за поддршка на Ромите преку МТВ и 3.3 милиони денари кофинансирање од Буџетот на општината. За вториот дел  во должина од над 300 метри, инвестираме 2.7 милиони денари од Буџетот на Општина Крива Паланка преку Развојната програма за реконструкција и рехабилитација на локални улици и патишта за 2024 година, изјави градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски.

Рече, со програмите и проектите за подобра патна инфраструктура се подобруваме квалитетот на живот на сите граѓани во: приградските населби, селата и централното градско подрачје.

-Продолжуваат градежната експанзија и уредувањето на градот. 2024  година е година на нови проекти, капитални инвестиции и вложувања за поубав лик на секој дел од нашата Крива Паланка, дополни Митовски.

Пред само два дена финишираше реконструкцијата и рехабилитација на 3 километри патен правец во село Мождивњак, проект вреден 11 милиони денари од буџетот на РС Македонија преку Севериоисточен плански регион, а во тек е реконструкција на главната градска улица „св.Јоаким Осоговски“, каде од Министерство за транспорт и врски се вложуваат 40 милиони денари.

Паралелно, во општината тече проектот за реконструкција на петте градски мостови во вкупна вредност од 40 милиони денари, од кои: 26.600.000 денари од Владата на РС Македонија  за реконструкција на Шанин, Виолетов и Осички мост , а 14.000.000 денари се обезбедени преку ТАВ програмата за Соларски мост и Градечки мост. Реконструкцијата опфаќа: отстранување на постојната и поставување нова ограда, реновирање и ново осветлување.

Големина на фонт
Контраст