Во галеријата на ЛУ Градски музеј Крива Паланка, на 30 мај (четврток) , со почеток во 20 часот, ќе бите отворена изложбата „ Infinitiy/Бесконечност“ на светски познатата уметница Ирена Паскали.
Изложата претставува мултимдијален проект кој комбинира инсталација во простор од целулоидни летни и камен, видео , фотографија и цртеж.
„Инсталациите кои ги создавам со целулоид се привремени, тие се реализирани за самата локација каде се поставуваат, се документираат, а по изложбата се уништуваат“, истакнува Паскали.
Ирена Паскали дипломира на ФЛУ во Скопје , а магистрира во Келн, Германија, каде живее и работи од 2004 година. Таа е уметница од светски ранг , која континуирано е присутна во сферата на визуелната уметност, секогаш претставувајќи се со инсталации, интервенции во простор, со комбинирани медиуми и материјали, цртеж, фотографија, звук и видео.
Изложбата е дел од манифестацијата „ Крива Паланка – Град на културата 2024“.