Јавен повик за вклучување во програмата на општинско корисна работа 2024

Општина Крива Паланка оваа година по деветти  пат ќе учествува во Програмата за  општинско корисна работа во проектот под наслов „Цело е кога има се“.

Проектот е поддржан и финансиран од страна на УНДП,  Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување на РСМ и  Буџетот  на Општина Крива Паланка.

Проектот „Цело е кога има се“ предвивува вклучување на четири работни позиции и тоа една во ОЈУДГ „Детелинка“ и три работни позиции во Дневен Центар со активно стареење во рамки на ОО Црвен Крст-Крива Паланка.

Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и општина Крива Паланка, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2024 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ и Буџетот на Општина Крива Паланка , на ден 05.06.2024 година се објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

 

Големина на фонт
Контраст