ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДЕЦА ЗА БЕСПЛАТНО ЛЕТУВАЊЕ
за деца од 7 до 14 години ученици од второ до деветто одделение во ООУ „Св.Јоаким Крчовски“ и ООУ „Илинден“ според Програмата за социјална, детска и здраствена заштита за 2024 година на Општина Крива Паланка.
Општина Крива Паланка ги повикува сите деца кои потекнуваат од:
- Семејства корисници на гарантирана минимална парична помош (социјална помош);
- Семејства на самохран родители;
- Деца без родители и родителска грижа;
кои ги исполнуваат критериумите наведени во овој јавен повик да достават пријава со цел стекнување на правото за користење на бесплатно летување.
РОКОТ ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ Е ДО КРАЈОТ НА УЧЕБНАТА ГОДИНА, 17.06.2024 ГОДИНА
Лица за контакт:
- Елена Христовска 072/251-031 Општина Крива Паланка
- Марина Јакимовска Митовска 078/255-805 ООУ „Св.Јоаким Крчовски“
- Маја Митровска 078/374-059 ООУ „Илинден“
ЈАВЕН ПОВИК
ПРИЈАВА ЗА ДЕЦА БЕЗ РОДИТЕЛИ
ПРИЈАВА ЗА ДЕЦА СО САМОХРАНИ РОДИТЕЛИ
ПРИЈАВА ЗА ПРИМАТЕЛИ НА СОЦИЈАЛНА ПОМОШ
Програма за бесплатно летување