Цртежи создадени додека авторот и архитект Љубе Чаловски престојувал и работел во многу светски метрополи се поставени во галеријата на ЛУ Градски музеј Крива Паланка на изложбата која се реализира во рамките на манифестацијата „Крива Паланка-Град на културата 2024“.
Делата се инспирирани од импозантните градби и зданија од градовите и просторите на Блискиот Исток, Јужен Сибир, Русија, балтичките земји, Грција, како и од ризницата на македонската архитектура со мотиви од Велес, Крушево, Кратово, Гостивар, Тетово, Охрид и Галичник и други места.
Изложбата содржи 30-тина цртежи, работени во техниката јаглен на хартија, а поводот е 20-годишниот јубилеј од првата изложба поставена во НУЦК „Трајко Прокопиев“ Куманово.
Љубе Чаловски дипломирал на Архитектонскиот факултет во Скопје во 1975 година. Има реализирано шест самостојни изложби, активен член е на Комората на овластени инженери и техничари, Сојузот на архитекти, соработник со „Мост проект“ од Москва и „ГерцИ Швајцарија“.