Чалгиска вечер ја освои кривопаланечката публика

Кривопаланчани уживаа во прекрасната чалгиска музика на концертот „Дај една чалгија“, кој се одржа синоќа на летната сцена на Градскиот плоштад  во Крива Паланка.

Врвните професионалци предводени од Сашко Митев, ги исполнија најпознатите македонски чалгиски песни:  По друм одам мајче, Дафино вино црвено, Три години стана…и бројни други кои ја вратија публиката во минатото, во времето на чалгијата, љубовта и емоциите.

Чалгиската група ја сочинуваа: Сашко Митев – вокал и дајре, Костадин Андоновски-виолина, Влатко Терзиски – кларинет, Тимко Чичаковски –канон и Дамјан Зифовски –тарабука, членови и соработници на амсамблот „Танец“ и професори по традиционални инструменти.

Со  носталгичното чалгиско патување се отвори и летната сцена за настани од богатото кривопаланечко културно лето и продолжувањето на програмата од Крива Паланка-Град на културата 2024“.

Големина на фонт
Контраст