Истакнатиот визуелен и авангарден уметник Зоран Арсовски –Бабата ќе се претстави со своето творештво на самостојна изложба во НУ Центар за култура Крива Паланка, која ќе биде отворена на 20 ти јуни, во 19.30 часот.
Изложбата е насловена „Нови хоризонти“, а е тематски поврзана со неговите претходни циклуси -“Тектонски пореметувања“ и “Космички бумеранг“. Ова е 16-та по ред самостојна изложба на Бабата и е дел од манифестацијата „Крива Паланка – Град на културата 2024“, поддржана од Министерствотк за култура.
Зоран Арсовски –Бабата е современ ументик, роден 1980 година во Куманово. Дипломирал и магистрирал на Ликовната академија во Софија. Препознатлив е по современите концептуални изложби преку кои ги пренесува пораките со оригинален стил. Учествувал на бројни меѓународни ликовни колонии, изложби, проекти и уметнички фестивали во земјава и странство, и добитник е на повеќе награди и признанија.