Започна реконструкцијата на крак од улицата”Моша Пијаде” наспроти т.н. “Виолетов мост”.
Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, изврши увид во активностите на терен каде се врши санација на калдрмата и истакна дека со оваа активност, на барање на жителите, се врши санација на еден потег од улицата, но најзначајно е што претставува решавање на голем проблем за жителите.
-За жителите од оваа улица ќе се овозможи полесен пристап до нивните домови. Општина Крива Паланка инвестира буџетски средства за подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани, посочи градоначалникот Митовски.
На овој дел од ул.Моша Пијаде во тек е забрана за движење на возила и како алтернативен пат за неопходен пристап и потреби на граѓаните може да се користат: останатиот дел од ул.Моша Пијаде и делот од ул.Ристена Гогова што се поврзува со ул.Херој Карпош.
Општина Крива Паланка апелира граѓаните да имаат разбирање и доследно да ја почитуваат забраната.
Се молат граѓаните да не ја поместуваат или отстрануваат сообраќајната сигнализација поставена на ул.Моша Пијаде.