Градоначалникот Митовски гостин на чествувањата по повод Денот на збратимениот град Сребреник, Босна и Херцеговина 

По повод Денот на градот Сребреник, Босна и Херцеговина, делегација од Општина Крива Паланка, предводена од градоначалникот Сашко Митовски и делегација од Советот на општината, гостуваше на празнувањата и свеченостите во збратимениот град, на покана на градоначалникот на Сребреник, Аднан Бјелиќ.

Градоначалникот Митовски и општинската делегација присуствуваа на свеченостите по повод празникот на градот: положување цвеќе на споменикот на хероите од Сребреник, спортски манифестации и на Свечената академија на којашто, меѓу бројните заслужни поединци, благодарница за промоција на градот и државата му беше доделена на “бисерното грло”, Ајдин Османовиќ кој заедно со професорот Јасмин Брашниќ, беа најзаслужни за збратимувањето на нашите два града.

Градоначалникот Митовски упати честитки по повод Денот на град Сребреник и посака остварената соработка со иницијална каписла во областа на културата да се надградува и расте и во иднина нашите два збратимени градови да имаат разновидни области за заедничка соработка и да се изгради традиција на заеднички успешни проекти и активности.

Големина на фонт
Контраст