Академскиот сликар Зоран Арсовски -Бабата од Куманово ја претстави својата најнова изложба „Нови хоризонти“ , која е поставена во НУ Центар за кутура Крива Паланка.
“Нови хоризонти” е фокусиран на проекција на иднината, повик за спас на планетата, преку експлозија на бои и форми ,езотеричност, метафизика,трансформација на просторот.
Ова е негова 16-та самостојна изложба која е дел од манифестацијата „Крива Паланка – Град на културата 2024“, поддржана од Министерството за култура.
„Благодарност што оваа изложба што е во рамки на Крива Паланка – Град на културата за 2024 година. Честитки за Крива Паланка која заслужува да биде град на култура, бидејќи има доста културни настани, има луѓе кои сакаат уметност и култура“, изјави Арсовски- Бабата при своето претставување пред кривопаланечката публика.
Тој најави дека е во подготовки на следниот проект кој најпрвин ќе го презентира на меѓународен план, а потоа во Македонија.
„Тоа што го планирам сега е ново, сосема нов концет и се надевам дека публиката ќе го прифати“, рече сликарот.
Зоран Арсовски –Бабата е современ ументик, роден 1980 година во Куманово. Дипломирал и магистрирал на Ликовната академија во Софија. Препознатлив е по современите концептуални изложби преку кои ги пренесува пораките со оригинален стил. Учествувал на бројни меѓународни ликовни колонии, изложби, проекти и уметнички фестивали во земјава и странство, и добитник е на повеќе награди и признанија.