По вчерашните обилните врнежи граѓаните можат да пријават штети на инфраструктурата и поголеми проблеми

Во текот на вчерашниот ден и вечерта Општина Крива Паланка ја зафати невреме со поројни врнежи од дожд, на подрачјето на општината наврнаа над 66 литри дожд на метар квадратен, по што, за среќа, поголеми штети засега нема.

Градоначалникот Сашко Митовски утрово одржа состанок со Општинскиот кризен штаб на кој беа дадени насоки за дејствување на терен и утврдување на состојбата.

Тимови од општинските служби веќе вршат увид на терен на претходни критични локации, екипи на ЈП Комуналец и ангажираните општински работници расчистуваат на локации со наноси од камења, песок и кал, а и останатите служби од општината се на терен.

Локалната самоуправа како сервис на граѓаните апелира сите граѓани што имаат потреба од пријава на штети од инфраструктурен карактер и проблеми од поголем обем, да пријават во општината на телефонскиот број 031 375 035, за брзо и навремено дејствување од страна на службите.

Во текот на ноќта расчистени се неколку локации од наноси на земја и кал, како на Магистралниот пат А2, во селото Станици, отстрането е дрво на локација кај главната улица, а ТППЕ изврши испумпување вода од приватен објект во Бегови бавчи и денес е на терен.

Големина на фонт
Контраст