Изложба на македонскиот сликар Стефан Хаџи-Николов  во Крива Паланка

Самостојна изложба на познатиот  македонски сликар Стефан Хаџи-Николов  ќе биде отворена во сабота, 29 јуни, во галеријата на ЛУ Градски музеј Крива Паланка, со почеток во 20,00 часот.

Изложбата е на иницијатива на Градскиот музеј  кој од оваа година  започнува со организирање  годишни изложи на по еден учесник  на  Меѓународната ликовна колонија „Свети Јоаким Осоговски“, што се одржува во истоимениот манастриски комплекс.

Стефан Хаџи-Николов е долгогодишен  учесник на колонијата и член на Организацискиот одбор, со кого започнува серијата изложби во локалната музејска установа. Член е на ДЛУМ од 1984 година, досега  има реализирано повеќе од 75 самостојни изложби и над  100 групни изложби во земјата и странство. Добитник е на бројни награди и признанија меѓу кои и највисоките  државни награди и тоа: „23-ти Октомври“ за долгогодишни остварувања во културата и уметноста и  „13-ти Ноември“ за долгогодишни високи остварувања во сликарството.   Ги има добиено и наградите „Климент Охридски“,   „Вангел Коџоман“,  „Константин Мазев“,  „Лазар Личеноски“, а особено се издвојува наградата „Златни феномени“, доделена од бугарската асоцијација „Феномени“ (АСФЕН).  Хаџи-Николов е првиот Македонец кому му е доделена оваа награда , врачена на неговата изложба во софискиот центар „ЦУМ“ во  2002 година.

Изложбата на Стефан Хаџи-Николов е дел од богатата програма на манифестацијата „Крива Паланка –Град на културата2024“.

Големина на фонт
Контраст