Записник од одржан состанок на штабот за заштита и спасување на Општина Крива Паланка

Состанокот се одржа на ден 27.06.2024 година во 7.30 часот во Голема Сала на Општина Крива Паланка, а истиот беше свикан на иницијатива на Замени Командантот на Штабот Сашко Митовски.

На состанокот беа присутни:
– Градоначалникот на Општина Крива Паланка Сашко Митовски
– Директор на ЈП Комуналец Далибор Стојановиќ
– Раководител на одделени за инспекциски надзор Бранко Велиновски
– Раководител на одделение за изградба и одржување на комунална инфраструктура во Општина Крива Паланка Никола Граматиков
– Раководител на одделение за подршка градоначалникот, односи со јавноста и информатичка технологоја Сања Стојановска
На состанокот беа пристни и лица кои не се членови на Кризниот штаб поради сериозноста од на настанатата состојба од обилните вркежи затоа штабот работеше во проширен состав.

На состанокот се дискутираше по следниве точки
1. Согледување на актуелната состојба на направените штети од поројните дождови што га завати подрачјето на Општина Крива Паланка
2. Донесување на соодветни Заклучоци и препораки;
3. Разно;

По согледување на актуелната состојба од обилните врнежи како и запознавање со ситуацијата на терени и преземените мерки за справување со последиците од врнежите на територијата на Општина Крива Паланка од сите институции кои беа присутни на состанокот добија задолженија за постапување и работата на терен со соодветната механизација со која во моментот се располага.
По исцрпената дискусија и дадените задолженија за започнувањње со работа на терен по предлозите од страна на членовите на Штабот и другите присутни лица беше донесен план за работа на гредежната механизација и работната сила која во моментот е на располагање:

1. ЈП Комуналец доби задолжение за следните работи:
– Рачистување на патот во с.Дурачка Река и ставање во вункција за да можат граѓаните непрецено да се движат.
– Во населбите Житни, Илинден,Центар и паркот да бидат ангажирани општинските работници за рачистување на јавните површини.

2. Со механизација на ЈП Македонија пат да се пристапи со рачистување на магистралниот пат од потегот Бавчалг до Бегови бавчи,на овој потег да бидат ангажирани и затворските работници за побрзо расчистување на патот.

3. ТППЕ доби задолжение да ги прочисти сливниците и пропустите каде има потреба од рачистување.

4. Општинската администрација беше задолжение да изврши увид на сите улици во градот и да се констатират штети од поројниот дожд, и да се дадат препораки за преземање на мерки доколку има потреба од интервенција со градежна механизација.

Состанокот заврши во 8.30часот.

Крива Паланка 27.06.2024 година

ОПШТИНСКИ ШТАБ ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ КРИВА ПАЛАНКА
Заменик Командант
Сашко Митовски

Големина на фонт
Контраст