На летната сцена на Градскиот плоштад во Крива Паланка, вечерва, со почеток од 20,00 часот , ќе се одржи традиционалната манифестација „Вечер на осоговски песни 2024“.
Осоговската вечер е посветена на староградската музика што ја негуваат друштвата од земјата и од странство, со цел зачувување на традицијата и културното наследство. Ќе бидат изведени автентични песни од повеќе региони, посветени на личности и случувања од градскиот животот и минатото.
Годинешни учесници на оваа традиционална манифестација се: Вокалниот ансамбл „Еделвајс“ – Ќустендил , Бугарија, женската пејачка група „Ѓурѓа“ при Центар за култура Делчево, Градскиот хор од Штип, „Табиет“ од Свети Николе, Кратовските тамбураши, „Распеани паланчани“ и КУД „8-ми Октомври“ при НУ Центар за култура Крива Паланка.
Организатор на „Вечер на Осоговски песни“ е Националната установа Центар за култура од Крива Паланка, со поддршка на Министерството за култура, а во рамките на „Кривопаланечко културно лето“ и „Крива Паланка-Град на културата 2024“.