Денес во просториите на Општина Крива Паланка, по повод акцијата за доделување на награди за најубаво новогодишно украсен дом и најубаво новогодишно украсен деловен објект, дуќан, по петти пат организирана од страна на општината, беа врачени наградите за најубаво новогодишно украсен дом и деловен објект за 2013/2014.
Од страна на Комисијата формирана од Градоначалникот беа избрани најдобрите и тоа:
За најубаво новогодишен украсен дом е избран домот на семејството Тасевски, на улица „8-ми Октомври“ бр.бб, Крива Паланка.
За најубаво новогодишен украсен деловен објект е избран објектот на ДООЕЛ „ПАРК ГИНОВЦИ“, пицерија „АКВАРИУМ“ лоциран на ул.Свети Јоаким Осоговски бр.142 во Крива Паланка.
Градоначалникот Арсенчо Алексовски им ги врачи наградите и пофалниците на овогодинешните добитници во акцијата за најубаво новогодишно украсување на дом и деловен објект, а воедно им се заблагодари за нивниот труд и кративноста во разубавувањето на новогодишниот амбиент на градот.
Наградите беа примени од Јорданчо Тасевски, претставник на наградениот дом и Емилија Стојковска, директор на ДООЕЛ „ПАРК ГИНОВЦИ“, пицерија „АКВАРИУМ, Крива Паланка.