Жителите на улицата „Гоце Делчев“ во населбата “Житен склад” од денес чекорат по нов асфалт. Заврши реконструкцијата на вкупно 800 метри од улицата, проект за којшто се инвестирани вкупно 7.500.000 денари.
Реконструкцијата опфати два дела од улицата. За едниот дел во должина од 473 метри инвестирани се 4.800.000 денари од кои: 1.500.000 денари преку Програма за поддршка на Ромите преку Министерството за транспорт и врски, а 3.300.00 денари од Буџетот на Општина Крива Паланка.
За вториот дел во должина од околу 300 метри вложени се 2.700.000 денари, обезбедени од Буџетот на Општина Крива Паланка, преку Развојна програма за реконструкција и рехабилитација на локални улици и патишта за 2024 година.
Општина Крива Паланка продолжува со инвестициите за урбана општина, подобрување на патната инфраструктура, подобри услови за сите граѓани.