Поставени нови садови за селекција на отпад во Општина Крива Паланка

Согласно Договорите за соработка помеѓу Општина Крива Паланка, Јавното претпријатие ,,Комуналец ,,  и Друштвото  за управување со отпад ,, НУЛА ОТПАД ,, доо Скопје обезбедени се  4 метални контејнери за  електричен , електронски отпад и батерии како и 8 цилиндрични садови само  за  собирање на батерии.

,,НУЛА ОТПАД, е општествено одговорно друштво  за управување со отпад ,поборник на принципот и концептот за одржлив развој и  циркуларна економија  кој се спроведува во над 300 општини во Европа, каде  99 % од отпадот се третира како ресурс,  а не како ѓубре.

Брзиот развој  на технологијата  наметнува  постојана потреба од нови , посуфистицирани и поприкладни  електронски уреди и опрема . Од друга страна праксата покажува дека  дел од новите уреди и немаат некој подолг перод на користење  , како и тоа дека тешко се поправаат или не се исплати да се поправаат  заради што има  се поголеми количини на ваков отпаден материјал, кој  пак не  смее да завршува на комуналните депонии , а истиот  се почесто се гледа оставен покрај садовите за комунален отпад или исфрлен на јавни површини, долови, шуми  и на други места  загадувајки ја при тоа животната средина и природата.

Исто така  батериите кои мошне ги користиме  за голем број на уреди ,опрема ,играчки и слично, како во домаќинствата така и кај деловните субјекти , кога  ќе се расипат  или  батериите истрошат  се фрлат заедно со комуналниот отпад и истите завршуват на комуналната депонија или на некоја дива депонија  контаминирајки ја притоа почвата и  подземните води со тешки метали и други супстанци.

Примарна селекција  на отпадот е се поголема потреба и неминовност  за подобрување на состојбите на животната средина и природата,заради што општината создава услови и обезбедува садови за селекција на разновиден отпад.

Садовите ,кои во овој случај  се за селекција на електронски , електричен отпад и батерии  се поставени од страна на Јавното  комунално претпријатие Комуналец Крива Паланка на следните локации и тоа :

– позади  против пожарната станица,
– спроти  кафе бар Селект,
– Пред Бензинската  Бегови бавчи
– и на спој на улицата Македонска со улицата  Димитар Арсов

Во рамките на овие метални контејнери за електронски и електричен отпад постои отвор и за одлагање на батерии.

Цилиндричните садови за батерии ќе бидат поставени во детските градинки, училиштата, јавното претпријатие , во општината како и во други  институции.

Ние  создаваме услови и ќе продолжиме да создаваме вие почитувани граѓани применувајте ги и почитувајте ги за наше добро и доброто на идните генерации.

Да ја подобриме одговорноста за животната средина и природата ,со селекција на отпадот.

Големина на фонт
Контраст