ПОЗНАТИ СТАРОГРАДСКИ ЗВУЦИ И МЕЛОДИИ НА ВЕЧЕРТА НА ОСОГОВСКИ ПЕСНИ 2024

Вечерта на осоговски песни 2024  и годинава ја оживеа традицијата пред кривопаланечката публика и и ги донесе мелодиите кои им пркосат на годините  на летната сцена на Градскиот плоштад во Крива Паланка.

Со звуците на инструментите и извонредната вокална интерпретација беа изведени најпознатите староградски песни, автентични за градовите и поднебјето на годинешните учесници: Вокалниот ансамбл „Еделвајс“ – Ќустендил, Бугарија, женската пејачка група „Ѓурѓа“ при Центар за култура Делчево, Градскиот хор од Штип, „Табиет“ од Свети Николе, Кратовските тамбураши, „Распеани паланчани“ и КУД „8-ми Октомври“ при НУ Центар за култура Крива Паланка.

Кривопаланечката публика уживаше во песните  што го  слават и го  одбележуваат идентитетот на луѓето , ги носат уметноста и духот на минатото, правејќи ги сите присутни дел од една прекрасна  вечер под Осоговието.

Осоговската вечер традиционално ја организира НУ Центар за култура Крива Паланка, а се реализира во рамкиите на Кривопаланечкото културно лето и манифестацијата „Крива Паланка – Град на културата 2024“.

Големина на фонт
Контраст