Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Република Македонија, Пол Волерс денеска ја посети општина Крива Паланка.
Амбасадорот Волерс најпрвин оствари средба со градоначалникот Арсенчо Алексовски на која беше разговарано за состојбата во општинтата во делот на реализираните и идните проекти, како и за можностите и капацитетите за инвестирање.
Амбасадорот Волерс во придружба на градоначалникот Алексовски ги посети манастирот Свети Јоаким Осоговски и ЛУ Градски Музеј.