Како Јавно претпријатие надлежно за одржување на јавната хигиена и на јавните зелени површини и пешачки патеки , деновиве сме соочени со оштетување и уништување на соодветна урбана комунална опрема , конкретно оштетување на соодветни садови за отпад поставени покрај пешачките патеки во градот. Имено конкретно покрај пешачката патека во Бабин дол и покрај пешачката патека на магистралната улица , каде очигледно со намера се оштетени и оборени над 20 соодветни садови .
Додека ние заедно со Локалната власт на општината секој дневно се трудиме животната средина и природата да ни бидат чисти и уредни , додека ние постојано се залагаме да обезбедиме зелените површини да ни бидат чисти и уредени, додека ние секојдневно правиме напори да обезбедиме соодветни садови што повеќе и на секое место, а потоа и да обезбедиме нивно празнење и собирање на отпадот, некое лице или некои лица се однесувале деструктивно , вандалски и хулигански бидејки оштетиле дваесетина висечки садови за отпад .
Оштетените садови се јавно добро , набавено со пари на граѓаните и затоа сите треба да бидеме опшествено одговорни и свесни за тоа што негативно со намера се прави и соодветно во случај на забележување на такви појави се молат граѓаните благовремено да ги известат надлежните служби.