Општина Крива Паланка бара државна помош за справување со штетите од невремето 

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, ја повика Владата на Република Северна Македонија да овозможи државна помош за Општина Крива Паланка за справување со штетите од невремето што ја зафати целата држава деновиве, а во општината оштети над 40 километри земјена патна инфраструктура.

Потребни нѝ се помош и поддршка од надлежните национални институции и претпријатија за справување со штетите од невремето што општината не е во можност сама да ги санира.

Бараме Владина, државна помош за брза санација и ефикасно справување со последиците, со цел избегнување поголеми проблеми за мештаните и локалното население во руралните средини и големиот број оддалечени села каде се настанати штетите.

Општина Крива Паланка за овој, како и за секој проблем, работи темелно, но решавањето на настанатата состојба не е можно без неопходната поддршка надлежните институции.

Само за потсетување, во јуни мината, 2023, година по невремето, Општина Крива Паланка со заеднички сили и државна помош, заедно со ЈП Државни патишта и тимовите на Инженерскиот вод на АРМ, со сите локални служби и расположливи човечки ресурси, успеа навремено да ги санира штетите и да ги врати во првобитна состојба локалните патишта .

Природните непогоди се непредвидливи, но наше е да ја прифатиме одговорноста и со заеднички ресурси, со поддршка од државата, да се заложиме за секој жител, зашто граѓаните се нашиот приоритет.

Големина на фонт
Контраст