Утревечер, 6 јули (сабота), во 20 часот, на платото пред Градскиот музеј во Крива Паланка, ќе се одржи настанот „Читаме музика“, кој претставува поетско-музички перформанс организиран во рамките на програмата „Крива Паланка ‒ Град на културата 2024“ и Кривопаланечкото културно лето.
Како дел од овој перформанс, публиката ќе има можност да ужива во настапите на истакнатите млади македонски поети како што се: Владимир Мартиновски, Перица Сарџоски, Николина Андова Шопова, Јулијана Величковска, Ѓоко Здравески, Андреј Ал-Асади, Марија Ангеловска, Андреј Медиќ Лазаревски и Марија Велинова.
Идејата е да се спојат музиката и зборот преку македонската поетска авангарда , како и да се креира интимна и убава атмосфера на отворено каде културните настани и уметничките изведби ќе го обогатат животот на граѓаните на Крива Паланка и нивните гости.
Музичко-поетскиот перформанс е во организација на Општина Крива Паланка, а се реализира во соработка со издавачката куќа „ПНВ Публикации“ од Скопје.