ЗАБАВА ЗА НАЈМЛАДИТЕ СО МАГИОНИЧАРОТ КРИСТИЈА ШОПОВ

Најмладите од Крива Паланка  ќе можат да уживаат во неверојатните трикови на магионичарот и илузионист  Кристијан Шопов на атрактивното шоу кое ќе се одржи утревечер, со почеток во 20.00 часот, на  летната сцена на Градскиот плоштад.

Кристијан Шопов,  познат по својата уметност во светот на магијата и илузиите, гарантира уникатно и незаборавно искуство за сите присутни, а особено за најмладите вечер полна со изненадувања и восхитувања.

Настанот е дел од  од Кривопаланечкото културно лето и манифестацијата  “Крива Паланка – Град на културата 2024”.

Големина на фонт
Контраст