Извршено второ авио-прскање против комарци 

Денес во раните утрински часови, во периодот од 5 до 6 часот, извршено е второто авионско прскање против комарци на подрачјето на Општина Крива Паланка.

Во раните утрински часови, се реализираше второто овогодишно авионско прскање за заштита од комарци. Предвидената дезинсекција беше успешно завршена поради поволните временски услови.

Преку службите за информирање општината навреме ги извести јавноста и пчеларите, во времето на прскање и во  период 3-4 часа по завршувањето, да ги затворат кошниците со пчели и да ги заштитат пчелните семејства, поради можноста од влијание на средствата со кое се врши прскањето врз нивната безбедност.

Ова е второ дезинсекциско авио-прскање на територијата на Општина Крива Паланка во 2024. Првото беше реализирано на 19 јуни.

Големина на фонт
Контраст