Промоција на „Македонствување“ од Десанка Николова  во Крива Паланка

Поетската збирка  ,, Македонствување” од Десанка Николова ќе биде промовирана во НУ Центар за култура во Крива Паланка на 11 јули, четврток , со почеток во 20,00 часот.

„Македонствување“ , како што истакнува авторката, претставува поетски  манифест посветен на чување на сѐ што е македонско, македонскиот јазик, македонската култура и традиција, македонскиот идентитет и  македонските духовни вредности.

Поетскиот манифест  е составен од  две стихозбирки – „Грутка во грлото“ и „Мудровезби“, кои претставуваат македонштина исткаена во стихови. Овие дела се 8-ма и 9-та по ред стихозбирка од поетесата Николова.

.Промоцијата на „Македонствување“ е дел од Кривопаланечкото културно лето и манифестацијата „Крива Паланка-Град на културата 2024“.

Големина на фонт
Контраст