Овогодишното издание на Меѓународниот детски фолклорен фестивал “Паланечка тројка” ќе се одржи утре и задутре, 12 и 13 јули, на плоштадот “Карпошово востание”, со почеток во 20, 00 часот.
Фестивалот претставува ревија на фолклор, традиција и култура на која ќе настапат повеќе од 400 млади играорки и играорци од земјава и соседството, односно од Струга, Битола, , Неготино, Кочани, Кратово, Демир Хисар, Скопје, градот -домаќин, Крива Паланка, како и гостите од Бујановац, Република Србија.
Фестивалот е дел од програмата на Кривопаланечко културно лето и манифестацијата “Крива Паланка – Град на културата