Денес во Крива Паланка започнаа теренските градежни активности за реконструкција и рехабилитација на три улици во населбата Осичка маала.
Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, ги најави активностите и посочи дека истите претставуваат продолжение на градежната офанзива во градот.
-Три улици во Осичка маала добиваат нов асфалт. Денес започнуваат активностите на терен за реконструкција и рехабилитација на улиците, што подоцна ќе бидат асфалтирани. За овие три улици вложуваме повеќе од десет милиони денари од општинскиот буџет. Се работи за улиците: “8 Септември”, од “Да-Бо” до комплексот згради, ул.”Моша Пијаде”, кракот под комплексот на зградите и ул. “Партизанска”, од “Да-Бо” до автопералната кај т.н. Торанечка зграда, рече Митовски.
Активностите се дел од годишната Програма на Општина Крива Паланка за изградба, реконструкција и рехабилитација на локали улици и патишта за тековната, 2024, година.
-Продолжува градежната офанзива во градот, продолжуваме да инвестираме во локална патна инфраструктура, за овозможување подобра сообраќајна поврзаност на жителите на општината, додаде Митовски.