За секое прваче во Крива Паланка по 3000 денари

На иницијатива на градоначалникот Сашко Митовски и со одлука на Совет на Општина Крива Паланка бр.09-3296/19 од 11.07.2024 година, Општина Крива Паланка во учебната 2024/2025 година ќе исплаќа по 3000 денари на секое семејство со прваче, запишано во основните училишта во Крива Паланка и со адреса на живеење на територијата на  Крива Паланка.

Потребните документи за аплицирање се наведени во Барањето за доделување еднократна парична помош на семејствата со прваче за учебната 2024/2025 година.

Барањето за аплицирање со потребните документи треба да се достават до архивата на Општина Крива Паланка или електронски преку апликацијата мЗаедница .

Крајниот рок за аплицирање е до 30.09.2024 година.

БАРАЊЕ

Големина на фонт
Контраст