Нови урбани содржини, Крива Паланка добива прв парк за миленици и терен за фудбал со вештачка трева 

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, денес ги најави новите проекти за изградба на прв парк за миленици во општината и прво игралиште со вештачка трева за мал фудбал.

-Спортскиот комплекс во градот добива нов, урбан лик со најновите проекти вредни близу осум милиони денари. Денес започнаа активностите за уредување и изградба на првиот спортски терен за мал фудбал со вештачка трева, кој ќе зафати површина од 924 метри квадратни. Само оваа инвестиција е во вредност од над 3.800.000 денари и истата ќе донесе нови можности за сите млади, љубители на малиот фудбал. На овој спортски комплекс ќе се уреди и првиот парк за миленици во нашата општина, на површина од 800 метри квадратни и истиот ќе биде надополнет со детско катче за најмладите, за уживање во безгрижните денови, рече Митовски.

Паркот за миленици ќе има едукативна кула, тројно скалило и останати содржини за миленици. Детското катче ќе биде опремено со мултифункционален детски реквизит и зип-лајн, а ќе биде уредено со урбана опрема и ќе се постават нови корпи за отпадоци.

Со развојната програма на Општина Крива Паланка за 2024 година за модерна и урбана Крива Паланка издвоени се 30 милиони денари, со кои е предвидено поставување и уредување на десет детски игралишта надополнети со спортски терени во повеќе населби во градот.

Големина на фонт
Контраст